Вести:

Димитров во работна посета на Република Бугарија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во периодот од 14 до 16 февруари 2018 година, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде е предвидено да оствари повеќе билатерални средби и тоа со: претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Владата, Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за 14 февруари, предвидено е Mинистрите да извршат размена на ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија, на 15.1.2018 и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18.1.2018.

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), Повеќе прочитајте на оригиналната страна која ни овозможува да преземеме дел од информацијата:

Loading…

loading…


About The Author

Related posts