Вести:

Османи: Стратегијата го валоризираше напредокот на Македонија и отвора можност за враќање на европскиот колосек

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари заедничка средба со делегациите од Република Чешка и Република Словенија предводени од г. Јакуб Дур, заменик министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка и Изток Мирошич, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија.

Главна темата на средбата беше евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено на европските перспективи и потенцијали кои произлегуваат од новата Стратегија на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година. „Стратегијата прецизно го валоризираше напредокот на Република Македонија и отвори историска можност за враќање на Република Македонија на европскиот колосек и нејзино приклучување кон динамиката 2025“ – изјави Османи, додавајќи дека оваа шанса претставува исклучително важен поттик за Владата, но и за целото општество, кое во моментов целосно е посветено на евроинтегративните процеси.

Вицепремиерот Османи изрази благодарност за досегашните заложби и поддршката од страна на Чешка и Словенија за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и изрази надеж дека истата ќе продолжи и понатаму, особено оваа година, како година во која се очекуваат најважните чекори и одлуки за напредокот во процесот. „Словенија и Чешка имаат значајни врски со земјите од Западниот Балкан, и процесот на проширување претставува взаемен интерес“, истакна Османи, додавајќи дека претстои период на интензивен фокус кон Западниот Балкан, имајќи предвид дека по бугарското претседателство со Советот на ЕУ, следи претседавањето на Австрија и Романија Повеќе прочитајте на оригиналната страна која ни овозможува да преземеме дел од информацијата:

Loading…

loading…


About The Author

Related posts