Вести:

Шведскиот премиер со благодарност до Царовска за пристапувањето кон „Global Deal“

Република Македонија пристапи кон „Global Deal“- глобално партнерство за пристојна работа и инклузивен развој, како единствен партнер од овој регион. Премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен испрати писмо до министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во кое изразува искрена благодарност за пристапувањето на Република Македонија.

Партнерството „Global Deal“ го сочинуваат вкупно 80 различни партнери, односно земји, компании, стопански здруженија, синдикати и други организации. Целта на иницијативата е заедничко решавање на предизвиците кои ги носи глобализацијата, како што се нееднаквиот развој и прашањето на пристојна работа. Главниот фокус во овој процес е социјалниот дијалог, како клучна алатка за постигнување поголема еднаквост и инклузивен раст. Конкретно, оваа иницијатива работи во насока на охрабрување на владите, работодавачите, синдикатите и другите организации кон подобрување на социјалниот дијалог.

Со приклучување кон партнерството, Република Македонија се заложува за подобрување и зајакнување на социјалниот дијалог, што е во согласност со заложбите на Владата за зголемена инклузи Повеќе прочитајте на оригиналната страна која ни овозможува да преземеме дел од информацијата:

Loading…

loading…


About The Author

Related posts