Вести:

Доделени стипендии за студенти кои Фондацијата АЛБИЗ ги обезбеди за академската 2017/2018 година

„Фондацијата за развој на образованието и културата – АЛБИЗ континуирано промовира висок степен на општествена свест и одговорност на компаниите членки на Стопанската комора на северо-западна Македонија, кои се всушност нејзини основачи и кои посветено се заложуваат за развојот на повеќе сфери како формалното образование, неформалната едукацијата, спортот и културата“ истакна заменик министерот за образование и наука Арбер Адеми на доделувањето на стипендии за студенти кои Фондацијата АЛБИЗ ги обезбеди за академската 2017/2018 година.

Тој додаде дека одговорноста и очекувањата за подигнување на стандардите за квалитет на образовниот систем се најмногу сконцентрирани во Министерството за образование и наука, но во целиот тој процес од особено значење се заложбите и активностите на сите општествени чинители, кои имаат интерес, желба и можности да помогнат на било каков начин кон јакнењето на воспитно – образовниот процес во земјата.

Тој се заблагодари на Фондацијата, што и оваа година одвои финансиски средства за поддршка на младите кои одлучиле да стекнат академско знаење, посочувајќи ја за позитивен општествен пример и посакувајќи традицијата на стипендирање ученици и студенти да продолжи и во периодот што следи.

“Драго ми е што заеднички го надополнуваме и прошируваме системот на стипендирање кој го има изградено Министерството за образование и наука и кој нуди десетици видови стипендии и финансиска поддршка за различни категории на ученици и студенти од Република Македонија кои одлучуваат да се едуцираат во земјата и во странство. Од стипендии за ученици и студенти кои потекнуваат од семејства со незавиден социјален и материјален статус, до стипендии за ученици и студенти кои имаат исклучителен талент и се запишале на некоја врвна светска образовна установа, на некој од најдобрите 100 светски универзитети“, рече Адеми.

Тој додад Повеќе прочитајте на оригиналната страна која ни овозможува да преземеме дел од информацијата:

Loading…

loading…


About The Author

Related posts