Вести:

Почина сопругот на данската кралица Маргрете Втора

Принцот Хенрик, сопруг на данската кралица Маргрете Втора, почина на 83 години, соопшти данскиот кралски дворец.

Принцот починал синоќа кусо време пред полноќ во сон, во дворецот Фреденсборг, околу 40 километри северно од Копенхаген. Кралицата и неговите двајца синови биле со него.

Принцот од минатиот месец се лекуваше од воспаление на белите дробови во болница во Копенхаген, но откако неговата сотојба се влоши, беше преместен во дворецот во Фреденсборг.

Почина сопругот на данската кралица Маргрете Втора was last modified: February 14th, 2018 by Ана

Повеќе прочитајте на оригиналната страна која ни овозможува да преземеме дел од информацијата:

Loading…

loading…


About The Author

Related posts