СДСМ: Случувањата во Собранието потврдија дека Груевски стои зад блокадата, а Мицкоски е само марионета

„Случувањата во Собранието на Република Македонија потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија“, реагираше СДСМ, веднаш по настаните во Собранието, откако поранешниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ се осмели да го нападне претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Истовремено, тоа е потврда дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Осомничетиот Груевски кој 11 години преку политиките на криминал, насилство, омрази и поделби ја уништуваше Македонија, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Со таквото однесување, Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ кон пропаст.

повеќе на  бриф