КАКО ДА ДОЗНАЕТЕ ДАЛИ СТЕ ЛОГИРАНИ НА „ФЕЈСБУК“ И НА ДРУГ УРЕД?

КАКО ДА ДОЗНАЕТЕ ДАЛИ СТЕ ЛОГИРАНИ НА „ФЕЈСБУК“ И НА ДРУГ УРЕД?

На некои луѓе им се случува да заборават да се одлогираат од имејл и „Фејсбук“ кога ги користат на туѓ компјутер. Покрај сите тие уреди кои ги користиме на различни локации, тешко е да се следи каде и кога сме се логирале на социјалните мрежи и на имејл. За среќа, постои начин да дознаете дали лицето кое го користи компјутерот после вас ви буричка во профилот.

Кога ќе се логирате на „Фејсбук“, било тоа да е преку телефон, таблет или компјутер, кликнете на Поставки, па потоа на Безбедност и одете до Каде сте логирани (Where You’re Logged In). Кликнете на Види повеќе и на екранот ќе ви се појават сите уреди на кои сте логирани во моментот. Не само тоа, туку ќе можете и да видите дали вашиот профил се користи на компјутер или паметен телефон, а откриен е и последниот момент кога одреден уред бил користен за пристап до вашиот профил.

Ако забележите нешто што ви дава причина за загриженост, постои начин да ги запрете несаканите логирања. Најдолу има и опција Log Out Of All Sessions, со која можете да ги прекинете сите несакани логирања. Можете да се заштитите и од идни упади.

Поставете предупредување кое ќе се огласи секогаш кога некој ќе се обиде да се логира на вашиот „Фејсбук“. Кликнете на Поставки, потоа на Безбедност и таму ќе најдете поле насловено Get alerts about unrecognized logins, каде може да се подесат известувањата.

За дополнителна заштита можете да додадете уште едно ниво на одобрување. Кликнете на Поставки, потоа на Безбедност и одете до полето Setting Up Extra Security, каде ќе забележите опција Use two-factor authentication каде можете да додадете уште еден чекор во логирањето, односно код кој ќе ви стига на мобилниот телефон секогаш кога ќе се логирате.

fakulteti.mk