Путин со убедлива победа на изборите за претседател

Путин со убедлива победа на изборите за претседател

Актуелниот руски претседател Владимир Путин  освои  убедлива победа на денешните претседателски избори, покажуваат првичните резултати што ги објави изборната комисија.

Досега се  преброени повеќе од 20 проценти од  гласовите, претежно во источниот дел на земјата, каде што Владимир Путин води со речиси 72 проценти од гласовите, што е далеку над простото мнозинство што му е потребно за да го избегне вториот круг на гласање.

Кандидатот на Комунистичката партија, Павел Грудинин, е на второто место со 15 отсто, додека  ветеранот националистичкиот политичар,  Владимир Жириновски е на третото место.

Противниците на рускиот претседател Путин наведоа дека бил вршен притисок врз избирачите да гласаат, за да се избегне ниската излезност која можеше да ја одложи победата на Путин. Иван Жданов, помошник на опозицискиот лидер Алексеј Навални кому му беше забрането да се кандидира на изборите, изјави дека нивните набљудувачи на гласачките места јавиле дека избирачите биле носени со автобуси да гласаат.

Ова го потврдуваат и известувачите на Ројтерс од избирачките места кои разговарале со повеќе гласачи низ цела Русија, кои  кажале дека нивните шефови ги упатиле на гласање. Многумина и се фотографирале за како што рекле  да имаат доказ дека гласале. Наспроти ваквите извештаи за повреди во изборниот процес, комесарката за човекови права Татјана Москаљкова изјави дека немало посериозни нарушувања при гласањето.

Другите кандидати кои учествуваа денеска на претседателксите избори освоија помалку од два проценти од гласачите.

Путин е на власт во Русија веќе 18 години. Со денешната победа, тој останува на чело на Русија и наредните 6 години.

novatv.mk