Увезениот цемент и арматура со сомнителен квалитет

Увезениот цемент и арматура со сомнителен квалитет

Половина од цементот и арматурата што биле увезени пред 3 години, не ги исполнувале стандардите за градежни материјали. Ова го покажале резултатите од анализата што на свој трошок ја спровеле неколку домашни производители со цел да се покаже дека во земјата влегува неквалитетен градежен материјал. Државата мора да ја засили контролата бидејки овие материјали можат да имаат несогледливи последици врз стабилноста на објектите, велат од Здружението за градежништво.

„Мрежи увезени од Косово наместо со дебелина од 6 мм беа 5,2, а тие се користат во изградба на ОУ, бидјеќи таму има голема фреквенција на луѓе, затоа реагиравме. Кога почна зголемениот интензитет на градба се увезуваше многу таков материјал. Реагиравме до царината и инспекцијата, производите се тргнати од употреба. Апел да се зголеми контролата при увоз“, кажа Андреа Серафимовски од Здружението за градежништво.

Проблемот со слабата контрола при увоз и употреба на неквалитетен градежен материјал се очекува да се надмине со законот за градежни материјали. Серафимовски упати апел до компаниите, до 30 септември да ја завршат постапката за добивање стандарди која нема да им предизвика финансиски трошок.

„Овој закон ќе е дел од законот за јавни набавки, ако фирмите не го имплементираат нема да учествуваат на тендерите“, додаде Серафимовски.

Иако Македонија произведува цемент, тој се увезува од Албанија и Косово поради пониската цена, но е со далеку послаб квалитет од домашниот, додека арматура се увезува од Грција, Бугарија и Босна. Цемент влегува и од Турција бидејки оваа земја ги субвенционира туските компании што го увезуваат овој материјал. Минатата година од Албанија Косово и Турција е увезен цемент во вредност од 16 милиони евра, а од Србија и Грција се увезени тули за 5 мил. евра

telma