Автономното возило на Uber, сепак „невино“

Возилото на Uber не можело да ја избегне несреќата, а истото најверојатно би важело и доколку човек беше зад воланот на возилото. Ова го покажа истрагата за немилиот настан кој се случи минатиот викенд во Темпи, Аризона. Причината за несреќата се лошата видливост и ненадејното излетување пред возилото.

„Возачот вели дека сѐ се случило само за миг. Пешакот излетал пред нив. Првиот знак за судирот бил звукот на ударот“, вели Силвија Моир, шеф на полицијата од Темпи.

Заклучокот на полицијата доаѓа откако ги прегледаа снимките од двете камери на автономното возило.

Возилото додека бeше во автономен режим удрило во 49-годишна жена во Темпи, Аризона. Жртвата минувала улица, на растојание од околу 100 метри од пешачки премин. Местото е со намалена видливост и ниту возачот, ниту автоматскиот пилот не успеале да реагираат на време. Теренското возило ја удрило жената, таа паднала во бесознание и починала во болницата.

Доколку финалната истрага ги потврди првичните сомневања, тогаш нема да има никаква дилема. Сепак останува прашањето што ќе се случи во иднина доколку роботот биде навистина виновен за незгодата. Кој ќе биде обвинет во ваков случај? Секако со оглед на тоа дека и за тестови на автономни возила сè уште е потребен возач, не е исклучено тој да биде обвините дека не ја проценил состојбата и не преземал контрола врз возилото. Сепак, поголем проблем ќе биде во идина кога нема да има законска обврска за човек на возачкото седиште.

Прочитајте го интервјуто со Штефан Клајнхард од ESG, каде зборувавме како законски би можеле да се регулираат ваквите ситуации.

it.mk