„Вашингтон пост“: Трамп бил советуван да не му честита на Путин

„Вашингтон пост“: Трамп бил советуван да не му честита на Путин

Советниците за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп му препорачале во текот на вчерашниот телефонски разговор да не му честита на Владимир Путин за победата неделните претседателски избори во Русија, но тој сепак го сторил тоа, тврди „Вашингтон пост“.

Според весникот, во официјалните брифинг материјали за телефонскиот разговор советниците категорично му укажале на Трамп со големи букви „НЕ ЧЕСТИТАЈ“.

Трамп го оцени разговорот како „мошне добар“, но неколку видни републиканци го критикуваа за честитката до Путин.Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, најжестоки критики искажа сенаторот Џон Меккејн од Аризона.

– Американски пртестедател кој им честита на диктатори за победа на лажирани избори не е лидер на слободниот свет. Честитката на претседателот Трамп до Владимир Путин е навреда до секој руски граѓанин на кој му беше скратено правото да гласа на слободни и фер избори, изјави Меккејн.Тој додаде и дека честитката на Трамп е навреда и за „големиот број руски патриоти кои ги ризикуваат своите животи со тоа што протестираат и се борат против режимот на Путин“.Сенаторот Џеф Флејк пак го оцени телефонскиот повик на Трамп до Путин како „чуден“.Поранешниот директор на Центраната разунавачка агенција (ЦИА), Џон Бренон изјави дека телефонскиот повик на Трамп до Путин значи дека Русите имаат некаков компромитирачки материјал против него. – Тој се плаши од Путин, изјави Бренон за телевизјата Ем-Ес-Ен-Би-Си.Во разговорот Трамп воопшто не ја споменал темата за руската вмешаност во претседателските избори во САД во 2016 и не го осудил скандалот со труењето на поранешниот руски разузнувач Сергеј Скрипал во Велика Британија,

Од друга страна, прес-секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека и поранешниот американски претседател Барак Обама му се јавил на Путин во 2012 година за да му ја честита победа.

– Ние не им диктираме на другите земји како да функционираат, изјави Сандерс.

alsat