Владата на РМ се залага за реформи во правосудството преку кои се враќаат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата

Владата на РМ се залага за реформи во правосудството преку кои се враќаат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата

„Владата на Република Македонија останува на ставот дека судските одлуки се одлуки на правосудните органи како независни институции. Владата на РМ со должно внимание ги зема во предвид пораките од денешниот протест по повод одлуката на Јавното обвинителство во врска со трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово“, стои во денешното соопштение на Владата на Република Македонија по повод граѓанскиот протест во врска со трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу.

„Овој став на Владата е во насока на сеопфатните заложби за реформи во правосудниот систем кој треба да ги врати достоинството и довербата во судските институции, и најмногу од сè да ги врати непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата, во работата и одлуките на сите институции во правосудството.

Истовремено, Владата ги осудува сите изрази на говор на омраза и на радикални постапки, кои се во спротивност со заложбите за едно општество за сите, порачуваат од Владата на Република МАкедонија.

brif