РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА ПРЕД ПОРТИ

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА ПРЕД ПОРТИ
Од утре ќе се интензивираат разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ околу најавеното проветрување во владата. Детали за реконструкцијата и можната размена на ресори помеѓу коалиционите партнери во Владата засега се на база на шпекулации кои не ги потврдуваат централите на Бихачка и во Мала Речица.
Сепак, пред Централниот одбор на СДСМ вечерва е и реконструкција на владиниот кабинет. Промените во министерскиот тим кон средината на месецов веќе ги најави и лично премиерот Зоран Заев. Освен кадровски измени, тој посочи дека во тек се разговори за проширување на парламентарното мнозинство со оние пратеници кои ќе го прифатат нивниот концепт.

„Реконструкцијата на Владата пред сè ќе биде предводена и ресорите во евентуалните промени, согласно договорите со политичките партии и пратениците коишто ќе ја прифатат програмата на владата и влез во парламентарното мнозинство“, порача Заев.

Пред и официјално да падне одлука кои министри ќе ја напуштат Илинденска 2, оставка поднесе министерот за правда Билен Салији од ДУИ, иако таа беше образложена со други мотиви и причини, односно поради преквалификацијата на делото во судскиот случај Алмир Алиу.

Заев на почетокот од март разговараше и со Африм Гаши, лидер на движењето БЕСА за можен нивен влез во владата и зајакнување на парламентарното мнозинство со тројца пратеници кои го поддржуваат откако БЕСА се подели./Алсат М

Related posts