Утре ќе се гледаат снимките со Заев за случајот „Поткуп“

Утре ќе се гледаат снимките со Заев за случајот „Поткуп“
На барање на премиерот Зоран Заев утре во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките за случајот „Поткуп“, според кои, тој се товари за барање и земање поткуп од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев додека бил градоначалник на Струмица. Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед.

На судското рочиште треба да сведочи бизнисменот Сачевалиев, кој до сега не се појавуваше на рочиштата за предметот.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција е против предлогот да се пуштат снимките во целост, бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.
24 vesti

Related posts