Се одржа 15 годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“.

Се одржа 15 годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“.
15 годишниот јубилеј на „Поточиња“ ги надмина очекувањата
Скопје, (26.03.2018) На 24-ти и 25-ти март 2018 година во Македонска опера и балет се одржа 15 годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“.

5.000 насмеани родители и деца ги посетија 6-те настапи на „Поточиња“ во саботата и неделата. Истите беа во 11.00 часот, 13.00 часот и 19.00 часот.

Поради јубилејот организаторот Пап подготви специјално издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Популарната детска маскота „Поки“ беше водител на овој долгоочекуван детски фестивал на кој воедно учествуваше и Сара Мејс со најновата песна која ја направија со „Поточиња“ со наслов „Гласот на децата“.

За музиката и аранжманот е одговорен реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова. https://www.youtube.com/watch?v=AkDHK-Q1FPw

Организаторите изјавија благодарност за поддршката и интересот до сите кои го посетија фестивалот и затоа порачаа дека со нетрпение го очекуваат следниот фестивал.