Манчевски: Јавната администрација брои 139 илјади луѓе

Манчевски: Јавната администрација брои 139 илјади луѓе.Вкупно 139.009 лица се вработени во јавниот сектор и тоа во 1.299 институции – обелодени денеска министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Вкрстената анализа на институциите покажува дека од нив дури 128.722 лица имаат засновано работен однос, а останатите спаѓаат во групата на вработени во акционерски друштва во државна сопственост и привремено вработени.„Вкупната бројка на вработенитем вклучително со акционерските друштва и преку агенции запривремено вработувања, изнесува 139 009 лица. Според овие податоци во 2017 година, сме имале 1299 институции и 128 722 во работен однос во јавниот сектор, без акционерските друштва и оние преку агенции за привремено вработувања.“ – изјави Дамјан Манчевски.

Со слична бројка од над 127 илјади административци, пред две години излезе и тогашната министерка за информатичко општество Марта Арсовска, нејзиниот заменик во тоа време пак, Александар Кирацовски ја оспоруваше бројката и тврдеше дека станува збор за над 180.000 вработени во јавниот сектор.

„Вработените во јавниот сектор, заедно со привремено вработените и вработените во трговските друштва со доминантна или целосна сопственост на РМ, врз кои власта има директно влијание брои над 180 000 вработени.“ – изјави Александар Кирацовски.

Просечната старост според извештајот, на вработените во јавниот сектор е 45 години. Најголемиот дел од нив се вработени во образованието, а најмалку пак во земјоделство и шумарство. 42% од нив се со високо, а 34% со средно образование.Телоп/Инсерт:,Образование 32%,Здравство 18%,Управа 15%,Комунални работи 10%,Труд и социјала 6%,Правосудство, транспорт и култура 3%,Земјоделство и шумарство 2%…….повеќе на телевизија 24