Бензините од полноќ со нови повисоки цени

Бензините од полноќ со нови повисоки цени.Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денари.Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/литар. Новата цена на дизелот ќе биде 59 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 47,50 ден/литар.Се зголемува и цената на мазутот што сега ќе се продава по 28,038 ден/кг.Новите повисоки цени на бензините следат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.

телевизија 24